Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Рангелова од говорницата побара сите пратеници обвинети и осомничени да не дискутираат за законот за ЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Rangelova-wide-2000

Во Собранието во тек е седницата за предлог-законот за јавно обвинителство. Седницата премина во обвинувања, напната дискусија и тоа помеѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и независната „осумка“ за случајот „Рекет“, за работата на СЈО, за „бомбите“...

— реклама —

Пратеничката Даниела Рангелова, која е обвинета во предметот „Насилство во Центар“, од говорницата побара сите засегнати со предметите да се воздржат од дискусија.

— реклама —
„Жал ми е што гледам како колеги од ВМРО-ДПМНЕ, од пратеничката група или независни, учествуваат во едно самоуништување на партијата. Сакам ова да престане веднаш, имаме за што да зборуваме, личните работи да си ги оставиме за дома. Сметам дека е принципиелно сите, дали се обвинети, дали се во некоја истражна или предистражна постапка, да не влегуваат во расправа зашто граѓаните ќе кажат дека го зборуваат тоа пристрасно“, рече Рангелова.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања