Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Рангелова: За мене беше наменет боксот од „бомбата“ со Игор Јанушев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
daniela_rangelova1

Во денешното гостување на Отворено на Телевизија 24, Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека додека беше претседателка на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ со Јанушев имала  исклучително лоша соработка.

– Соработував со Емил Димитриев и со други генерални секретари, но вакво лошо искуство како со Јанушев не сум имала, бидејќи, не сакам да навредам никого, но Јанушев имаше непочитување кон Унијата на жени. Откако јас се повлеков, жените членки беа поттргнати на страна, се изгубија ингеренциите на жените. Сè се правеше жените да имаат помалку права во партијата и тоа може да се види по резултатите од овие избори, каде ВМРО-ДПМНЕ сега има помалку пратенички отколку во претходниот состав, вели Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ во Отворено на Телевизија 24.

— реклама —

Рангелово потенцира дека нема лично нетрпение со Јанушев, туку тој едноставно имал таков арогантен карактер.

„Можеби ја слушнавте бомбата во која што Јанушев кажува дека ќе дели шамари? Тоа е за мене! И за боксот е за мене, тоа е во кампањата на Владимир Тодоровиќ во 2013 година кога јас бев обичен член на партијата. Тогаш Јанушев му беше записничар на Миле Јанакиески. И сега истиот тој Јанушев кажува дека е новото раководство, рече Рангелова во гостувањето во Отворено на Телевизија 24.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања