Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Расчистено опожарувањето на влезната врата во Кисела Вода, приведен осомничен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqbjne6sudtif30BnRmD

Скопската полиција за само неколку часа го расчистила случајот со опожарената влезна врата од стан во Кисела Вода, при што е идентификуван и приведен осомничениот.

— реклама —

Од СВР Скопје соопштија дека е поднесена кривична пријава против Д.Т. (51) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Случајот бил пријавен вчера околу 5 часот, кога било известено дека е опожарена влезната врата од стан во сопственост на 57-годишниот Х.С.

— реклама —

Полицајците од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода веднаш презеле мерки за расчистување на случајот. По извршениот увид, анализата на видеоснимките и дополнително преземените активности, како можен сторител бил идентификуван Д.Т.

Тој бил лишен од слобода истиот ден. Во присуство на дежурен јавен обвинител и очевидец, кој го препознал како сторител, со него бил извршен службен разговор, при што биле обезбедени дополнителни сознанија за начинот на извршување на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjh6m9r832b991pMa41k

Несреќа при земјоделски работи кај Прилеп: Жена била повлечена од механизам приклучен на трактор

Македонија | пред 14 минути

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Пожар на градилиште во Скопје, гореле импровизиран објект и контролна табла за кран

Скопје | пред 15 минути

media-libraryh00542jtboe03EHRGhN

Малолетник од Боговиње случајно застрелал 15-годишник во стомакот

Македонија | пред 19 минути

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

Пример за чесност: Млад делчевец пронашол лични документи и над 200.000 денари во пари, па ги предал во полиција

Македонија | пред 40 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања