Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Расчистени 13 кражби во Виница, приведени пет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kradec-maska-151

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Виница расчистија 13 кривични дела од кои шест „тешка кражба“, 3 „тешка кражба“ во обид и четири „кражба“ извршени во куќи и викенд куќи на подрачјето на Виница, при крајот на минатата и почетокот на годинава.

— реклама —

Поради сомнение дека ги извршиле кривичните дела биле лишени од слобода О.И.(30), А.И.(20), Џ.И.(26), Т.И.(32) и Б.Д.(18), сите од Виница.

— реклама —
— реклама —

При претрес по судска наредба во домот на осомничените биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела.

— реклама —

Во полициска станица бил извршен службен разговор со осомничените кои ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања