„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Расчистени пет кривични дела тешка кражба и едно кривично дело разбојништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
krazba-na-kola-701x466

Во текот на изминатата недела, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип затекнале две лица на возраст од 26 и 27 години и еден малолетник при извршување на кривично дело  „тешка кражба“ од  патничко моторно возило во Штип. Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

— реклама —

Во истиот период расчистени се и пет кривични дела „тешка кражба“ извршени во  патнички моторни возила, продавници и аптека на подрачјето на Полициската станица Штип, извршени од страна на овие сторители и уште еден малолетник, при што биле одземени повеќе производи и предмети.

Расчистено е и кривичното дело „разбојништво“ извршено на 05.11.2019 на Градскиот пазар во Штип извршено над 83-годишна жена од страна на малолетен сторител, кој физички ја нападнал жената, а потоа ѝ ја одзел чантата. И ова лице е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Дел од украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања