Град Скопје го раскина договорот за проектирање на тунелите под Кале со турската фирма „Мега инженеринг консалтинг АД“ бидејќи не ги испочитувале роковите за изработка на проектот. Град Скопје на 12 јуни лани склучи договор со турската фирма која заедно со Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии од Скопје, за 6 месеци требаше да ја проектира сообраќајницата, мостот преку Вардар и тунелите под Кале. Поради сложеноста на проектот и пандемијата на ковид-19, рокот беше продолжен за плус 6 месеци, но ниту тој рок не е испочитуван, па договорот е раскинат, објави СДК.МК.
Шилегов вели дека не се откажува од овој капитален проект за Скопје, најавува нов тендер за проектант и верува дека до крајот на својот мандат ќе ја почне реализацијата на долго најавуваната идеја за тунели под Кале, сообраќајница која е зацртана во Генералниот урбанистички план уште во 1964 година.
Текстот во целост на:СДК.МК.