Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација, вели во изјава за Фокус поранешниот генерален секретар во Владата и советник во Владата, Драги Рашковски.
– Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува, вели Рашковски.
Денеска и вечерва по социјалните мрежи и други портали се шират информации дека Рашковски побегнал во Мексико. На прашањето од Фокус дали побегнал, како што се пишува, Рашковски им одговорил: – Зошто би бегал?
Текстот во целост на: Фокус