Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Раст на доктори на науки во 2025 година: 245 лица стекнале највисок академски степен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-library3n51p4qog2dobF2w4CD

Во 2025 година во Македонија, звањето доктор на науки го стекнале 245 лица, што претставува раст од 14% во споредба со претходната година.

— реклама —

Најмногу докторирања биле регистрирани во областите здравство и социјална заштита (25,3%), следуваат бизнис, администрација и право (14,7%), инженерство, производство и градежништво (12,7%) и уметност и хуманистички науки (12,2%). Во 2025 година, 147 жени или 60% од сите доктори на науки, одбраниле дисертација.

— реклама —

Во истата година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.855 лица, од кои 1.558 се магистри, а 297 специјалисти.

— реклама —

Бројот на магистри и специјалисти бележи благо зголемување од 0,5% во споредба со 2024 година. Жените учествуваат со 61,2% од вкупниот број магистрирани лица. Најголем број магистерски трудови се од областа на бизнис, администрација и право (31,9%), следуваат инженерството, производството и градежништвото (16,4%) и општествените науки (15,3%).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања