„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Расте бројот на заболени од дијабет - загрижува што расте и бројот на деца пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dijabetes

Бројот на заболени од дијабетес во државава е во пораст. Минатата година изнесувал 120.000 од кои 40.000 се на инсулинска терапија. Од вкупниот број пациенти, регистрирани биле 500 деца заболени од дијабетес на возраст до 14 години.

— реклама —

По повод 14 ноември, Светски ден на дијабетес, компанијата „Варус" во соработка со Здружението на лекари по општа – семејна медицина минатата недела почна кампања за подигнување на свеста за преддијабетесот и за превенција на развојот и контролата на дијабетесот. Компанијата се приклучува кон глобалната кампања која опфаќа над милијарда луѓе во повеќе од 160 земји, објави МИА.

Кампањата става посебен акцент за превенцијата на дијабетес мелитус и соодветната контрола и третман на преддијабетесот, кој навремено дијагностициран, му дава на пациентот можност преку промена на животниот стил и примена на соодветна терапија да го превенира или одложи развојот на дијабетес мелитус тип 2.

— реклама —

Речиси една третина од пациентите со предијабетес се на возраст меѓу 20 и 39 години, а речиси половина од вкупниот број се на возраст под 50 години.

Кампањата се одвива на FB и Instagram страниците „Здравјето приоритет- Аларм за свест " во рамки на која до 30 ноември ќе бидат споделувани пораки и содржини поврзани со препознавање на преддијабетесот, ризик фактори и симптоми, превенција и третман.

Во светски рамки, според Меѓународната федерација за дијабетес во 2017 година, бројот на возрасни лица од светската популација со нарушена гликозна толеранција изнесувал 352,1 милиони, а до 2030 година, приближно седум отсто од светското население или околу 400 милиони лица, ќе има нарушена гликозна толеранција. Се проценува дека околу 70 отсто од лицата со нелекувана IFG (Нарушена гликемија на гладно) и/или IGT (Нарушена гликозна толеранција) ќе развијат дијабетес мелитус тип 2 во следните неколку години. Преддијабетесот е исто така честа состојба кај младата популација во светот.

Извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања