Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД МОРБИЛИ: 7 бебиња празниците ќе ги поминат во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
morbili

Седум бебиња и деца со морбили, велигденските празници ќе ги поминат во болницата во Козле. Сите се хоспитализирани во посебен изолиран оддел наменет за оваа патологија и немаат контакт со останатите болнички одделенија. Оваа здравствена установа е во договор со Детска клиника од каде им препраќаат пациенти со полесна клиничка слика на заразната болест, пишува Сител ТВ.

- Ги почитуваме протоколите, одделот е изолиран и се трудиме максимално да немаат контакт и со останатите пациенти, иако понекогаш тоа е невозможно. Но се надеваме дека со мерките кои се преземаат ќе има ефект и ова брзо ќе заврши, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на детската болница во Козле.

— реклама —

Педијатрите предупредуваат дека сите новороденчиња со мали сипаници кои не подлежат на вакцинација, мора да бидат на болничко лекување. Најмладиот пациент со морбили во болницата во Козле е тримесечно бебе.

-Зависи од зафатеноста на белодробието, бидејќи морбилите предиззвикуваат компликации на белите дробови. Може да биде брзо решено, но може да дојде и до компликации и подолго да трае лекувањето, а некои завршија и летално. Но во секој случај, во просек престојот во болница е околу 7 дена, вели Андоновски.

— реклама —

Од болницата во Козле велат дека засега имаат доволно простор и за заболените со морбили, иако дневно имаат по 100 прегледи за белодробни заболувања и алергии кај децата.

-Имајќи ја во предвид епидемијата со морбили и големиот број на заболени бебиња и деца, за време на празниците во болницата во Козле ќе има засилени дежурни екипи.

Освен во болницата во Козле, за велигденските рпазници засилени екипи ќе има и во Клиниката за детски болести каде во моментот имаат 6 пациенти со компликации од морбили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања