Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Расте незадоволството во Русија: пад на довербата и поддршката за Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
putin-5190

Довербата на руските граѓани во претседателот Владимир Путин забележа значителен пад во текот на изминатата недела, покажуваат резултатите од анкетата на Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

— реклама —

Според истражувањето, 73,3 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во Путин, што е намалување за 3,4 процентни поени во споредба со претходната недела, кога довербата изнесувала 76,7 проценти.

— реклама —

Истовремено, поддршката за неговата работа како претседател се намалила од 70,4 на 66,9 проценти, што претставува пад од 3,5 процентни поени. Според руските медиуми, ова е најголемиот неделен пад на неговиот рејтинг од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Податоците покажуваат и дека процентот на испитаници кои немаат доверба во Путин се зголемил од 18,8 на 22,1 процент.

— реклама —

Сличен тренд бележи и Фондацијата за јавно мислење, која соработува со Кремљ. Нејзината анкета покажува дека 70 проценти од испитаниците сметаат дека Путин добро ја извршува функцијата претседател, што е најниско ниво од почетокот на војната во Украина.

— реклама —

Во меѓувреме, истражување на независниот центар „Левада“, спроведено во јуни, покажало дека рејтингот на одобрување на Путин се намалил од 79 на 74 проценти. Воедно, расте и бројот на граѓани кои сметаат дека Русија не се движи во вистинска насока, додека процентот на оние што не ја одобруваат работата на претседателот се искачил на 21 процент, што е највисоко ниво од септември 2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahs3c0rtgt950CR5dE2

Путин: На Русија ѝ се потребни пет дена за расчистување на мините околу Константиновка

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кој ќе преговара со Путин? Европските лидери поделени околу изборот на претставник

Свет | пред 6 часа

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

(Видео) Американските пратеници пристигнаа во Москва

Свет | пред 8 часа

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Русија ја проширува листата на „непријателски земји“, мерките сега ги засегаат и граѓаните

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања