Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, посочува дека додека во цел свет цената на храната се намалува, во Македонија с зголемува. Според него, треба веднаш да се замрзнат цените на производите.
„Во изминативе месеци, цената на храната во светот се намалува, а во Македонија се зголемува. Ама, ни велат од Владата, кризата ни била "увезена"!? Мрш бе таму, профитери ратни капиталистички! #ЗамрзнувањеНаЦените“, посочува Апасиев.
Ценовниот шок го осеќаат и граѓаните.