„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Разбиена меѓународна мрежа на трговија со дрога - Грчката полиција заплени 1,7 тони дрога од Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
droga-grcija

За шверц и трговија на дрога од Албанија кон Турција и обратно, по морски пат, со глисери, грчката полиција и грчката крајбрежна служба уапси четири лица и заплени 1 172 килограми суров канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

— реклама —

Во неколкудневната акција спроведена во различни делови на Грција, полицијата и крајбрежната служба разбија меѓународна криминална група, а дрогата ја откриле скриена во пештера на малиот остров „Пипери”, што е дел од Спорадските Острови.

Како што соопшти Спиридон Евангелиди, директорот на секторот за борба со дрога од крајбрежната служба на Грција, на 25 септември 2019 во морска акција во која биле вклучени 10 патролни бродови, еден хеликоптер и еден авион на крајбрежната служба, и две воздушни средства на Фронтекс, во југоисточниот дел на Егејското Море биле уапсени три лица кои се превезувале со глисер.

— реклама —

Четири дена подоцна, на 29 септември 2019 бил откриен уште еден глисер и усапсено уште едно лице, а вчера, во пештерата на малото островче била пронајдена и дрогата.

Според портпаролот на грчката полиција, Теодорос Хронопулос, криминалната мрежа од Албанија кон Турција, по морски пат, преку Грција пренесувала суров канабис, а од Турција кон Албанија, на ист начин, хероин. За транспортот на дрогата одбирале денови со лоши временски услови, со дожд и силен ветер.

Четворицата уапсени се странски државјани на возраст од 25 до 42 години, а се бараат уште две лица под сомнение дека биле нивни соработници.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања