Разбојници украле околу 680.000 денари од Брза пратка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ и против Л.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „помагање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу  680.000 денари.

— реклама —

„На 16.10.2018 година околу 07.10 часот пријавените со мотоцикл дошле пред просториите на фирмата Брза пратка на булевар „Јане Сандански“. Кога пристигнала вработената и ја отклучила влезната врата, А.Р. влегол по неа и со закана со пиштол и ги одзел парите кои таа претходно ги извадила од банка и мобилниот телефон. По добиената пријава, од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР.

— реклама —

На 27.10.2018 година, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот А.Р. на улица „Тодор Чангов“, каде била затекната и Л.А.. При претресот бил пронајден пластичен пиштол и предмети поврзани со кривичното дело.

— реклама —

Двајцата биле лишени од слобода, а извршено е и препознавање на пријавените од страна на оштетената.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања