Разбојник со закана од нож одзел 65.000 денари од казино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
canmathshelp

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 21 април, половина час по полноќ, осомничениот ставил црна маска на лицето, црн дуксер со капа на главата и ракавици на рацете, па со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата на електронското казино лоцирано во Богданци на ул.„Маршал Тито“. Кон оштетената вработена вперил нож и влегол од внатрешната страна на пултот каде што била касата. Од таму одзел вкупно 65.000 денари во различни апоени.

— реклама —

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, јавниот обвинител во ОЈО Гевгелија, до судијата на претходна постапка од Основен суд Гевгелија поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

— реклама —

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања