„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Разбојништво во Битола, ја турнал и удирал директно со главата на земјата, за да и го одземе паричникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tepa-zena

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 247 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 17 мај, ја пресретнал оштетената на улица и силно ја турнал со рацете. Кога оштетената паднала, удирајќи директно со главата на земјата, осомничениот ѝ го одзел паричникот во кој имало 450 денари и лични документи, со намера противправно да го присвои и избегал од местото.

Со оглед на тоа што постои опасност осомниченото лице да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања