„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Разбојништво во маркет - со закана од пиштол успеал да одземе само 5.000 ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
krazba-market

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на две оштетени лица, осомничениот, на 20 ноември, одзел пари од маркет на ул. „Цветан Димов“. Имено, тој влегол во објектот со пиштол марка “EKOL SPECIJAL 99” со калибар од 9 мм и им се заканил на оштетените. Им наредил да се тргнат од касата, посегнал преку пултот, ја отворил касата со клучот и одзел пари од дневниот промет во вкупен износ од 5.000 денари.

Во тој момент, во маркетот влегло уште едно лице кое се нафрлило врз осомничениот со намера да ги заштити оштетените, па осомниченото лице бил совладано и му било одземено оружјето.

— реклама —

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му определи мерка притвор.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања