Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Разбојништво во маркет во Чаир, се заканил со пиштол и одзел од касата пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Grabez-pistol

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик.

На 20.11.2019 година, обвинетиот влегол во маркет во Чаир и извадил пиштол марка “EKOL Special 99” со калибар од 9 мм и му се заканил на оштетениот – сопственик на маркетот. Му наредил да се тргне од касата, посегнал преку пултот, ја отворил касата и одзел пари од дневниот промет во вкупен износ од 5.000 денари.

— реклама —

Во тој момент, во маркетот влегло уште едно лице кое се нафрлило врз обвинетиот со намера да го заштити оштетениот, па обвинетото лице бил совладано и му било одземено оружјето.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз  сведоците и веројатност да го повтори истото или да изврши слично кривично дело.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања