Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Различностите обединуваат - Прирачник за деца со Даунов синдром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
DSC_2895

Едукативен прирачник во форма на приказна за деца со Даунов синдром, денеска беше презентиран во ООУ „Јан Амос Коменски“. Автор на оваа сликовница-едукативен прирачник е Мимоза Петревска Георгиева, мајка на ученичката Илина, дете со Даунов синдром, која е деветто одделение во „Јан Амос Коменски“ и е главен лик во приказната.

— реклама —

Приказната за Иван и Илина ја слушнаа поголем број на ученици од ова училиште, во присуство на нивните родители, дефектолозите и наставниот кадар, како и гости од Општината. Изготвувањето на оваа сликовница е инспирирано од секојдневниот живот на Илина, посебно оној дел кој го минува во училиште, како и од односот со нејзините соученици и наставници.

— реклама —

Оваа сликовница ќе има за цел да го олесни воспитно - образовниот процес на децата со Даунов синдром и лицата со посебни потреби и истите на полесен начин да се вклучат во наставата.

Содржината на овој прирачник ги поттикнува сите ученици да бидат отворени и да имаат разбирање за различностите околу себе - затоа што сите сме различни.

— реклама —

На денешната презентација присуствуваше и градоначалникот на  Општина Карпош, Стефан Богоев кој се осврна на повеќе аспекти.

„Општината ќе продолжи да работи на унапредување на статусот на лицата со посебни потреби. Секој од нас е различен и како такви треба да се прифаќаме затоа што другарството е сé.

Навистина ме радува енергијата на учениците на децата со Даунов синдром и еланот на нивните родители и асистенти, затоа што само заеднички можеме да создадеме подобри услови“, рече Богоев.

Во основното училиште „Јан Амос Коменски“ е отворена и првата сензорна соба (просторија за деца со посебни потреби), со што се овозможува полесна нивна адаптација. Градоначалникот Богоев посочи дека во текот на следната недела, нова сензорна соба ќе добие и основното училиште „Димо Хаџи Димов“, во Влае.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања