Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДСМ за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да предизвика паника и да го наруши довербата во банкарскиот систем.

— реклама —

Во реакцијата на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Оттаму тврдат дека гувернерот Славески никогаш не изјавил дека одлуката за „Алта банка“ ја донел премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ ја споредуваат состојбата со „Алта банка“ со пропаѓањето на „Еуростандард банка“, обвинувајќи ги Заев и неговите деловни партнери дека ја уништиле банката преку земање кредити без покритие. Според партијата, за разлика од тој случај, проблемот со „Алта банка“ е увезен и произлегува од престанокот на работењето на нејзината матична банка во друга држава.

— реклама —

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека се очекува да биде најдено решение и уверуваат дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Македонија | пред 2 дена

media-librarya6l17hb7v44f3fAbd3F

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу

Македонија | пред 2 дена

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

ВМРО-ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања