Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Разобличена е хајката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против коридорите и Бехтел, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
koridor-deset34

Хајката кшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против изградбата на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија Бехтел е разобличена, вели СДСМ

„Тоа е хајка од политички и лукративни причини, базирана на лаги и невистини.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што таа партија е симбол за провизии, за промашени проекти на штета на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема направено ниту еден автопат и истовремено создаде огромни штети со промашениот проект за автопатот Кичево – Охрид.

— реклама —

Таму имаше нецелосен и промашен проект, со промашени и нецелосни геомеханички испитувања, проект со лошо проектирани косини, усеци и тунели за кои беше потребно да се репроектирааат.

Немаше предвидено приклучоци, надвозници, поради стар и несоодветен проект кој воопшто не соодведствува со реалната состојба на теренот.

Владата предводена од СДСМ ги санираше штетите, спроведе репроектирање, заштеди 95 милиони евра и ја продолжи изградбата која треба да биде завршена до крајот на годината.

— реклама —

Сериозни промашувања имаше и на автопатот Миладиновци – Штип каде на сред автопат имаше бандери, а поради слабиот квалитет на потпорните ѕидови често имаше и одрони.

За разлика од таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ, денес во државата се реализира најголемиот инфраструктурен проект вреден 1,3 милијарди евра од страна на реномирана американска компанија, со сосема нов пристап.

— реклама —

Фаза по фаза, реномирана, американска, светка компанија ќе го гради автопатот со нов пристап со кој се обезбедува брзина и ефикасност во изведбата на Коридорите.

Затоа патиштата ќе бидат готови во рок од пет години, и покрај хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја тераат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања