Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Разрешен реисот Сулејман Ефенди Реџепи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
redzepi

Риасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница.

Одлуката била донесена со двотретинско мнозинство.

— реклама —

„Врз основа на записникот на вонредната седница на мнозинството на риасетот на ИВЗ на Република Северна Македнија одржана на 27.05.2020 година, со почеток во 10 часот, ние долупотпишаните врз основа на член 36 и 58 на Уставот на ИВЗ, кои ги сочинуваат повеќе од 2/3 мнозинство на риасетот на Република Северна Македонија, едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сумејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на ИВЗ“, рече Ефенди Шаќир Фетаху, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ. Одлуката стапува на сила од денеска. На неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, муфтијата на Куманово, Абедин Имери, на Струга, Салим Сулејмани. Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот Фадил Рамадани и други.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања