Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Разрешена директорка на градинка во Гази Баба, си купувала мебел за во канцеларија и се частела во кафеани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
gradinka-2

Директорката на градинката Детска радост во општина Гази Баба, беше разрешена од функција, откако надворешна ревизорска куќа констатирала низа незаконитости во нејзиното работење.

— реклама —

Како што информираше градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски, директорката набавувала мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот.

— реклама —

Таа исто така многу трошела и под името „репрезентација“. Меѓутоа, парите оделе исклучиво за угостителски услуги, воглавно по завршувањето на работното време, а и си набавувала храна за носење.

— реклама —

- Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење - објави Стефковски.

По извршениот увид, било констатирано дека и службениот автомобил на градинката, бил користен за приватни цели.

- Недозволиво е некој кој постапува спротивно на Закон да води установа за згрижување на нашите деца и за сите законски прекршувања утврдени согласно Извештајот на независниот ревизор ќе поведам постапки пред соодветните институции во Република Македонија - нагласи Стефковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања