Разрешени се три члена на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, објави на нејзиниот профил на Facebook д-р Донка Барџиева- Трајковска, досегашен член на Комисијата.
Покрај Барџиева- Трајковска, разрешени се и Елеонора Новаковска и проф. д-р Сашо Коруновски. На нивно место доаѓаат д-р Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска, објави Ohridpress.com.mk.

Решението е донесено на 26-ти мај 2020 година, а потпишано од страна на претседателот на македонската Влада Оливер Спасовски.
Согласно Законот за управување на Охридскиот регион од 2010 година, врз основа на кој е формирана оваа Комисија, Министерството за култура и Министерството за животна средина, заедно со Управата за заштита на културното наследство и Управата за заштита на природата, имаат посебна одговорност за досегашните но и за идните активности поврзани со овој регион, почнувајќи од легислативата па сè до нивното спроведување во практика.

извор: ОхридПрес/Призма.мк фото:
ФБ д-р Донка Барџиева- Трајковска