ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Реакции за апсењата на огнот во Орман: Време е да престанете со глумење лудило, ако беше Артан Груби ќе казнувавте?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Низа реакции по пофалбата на МВР дека во скопското село Орман била уапсена група од десетина лица кои палеле бадникарски оган. Граѓаните, меѓу кои и новинарите реагираат за селективното постапување на полицијата, која вчера не ги казни функционерите на ДУИ кои славеа роденден на Али Ахмети во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

— реклама —

„Јас мислам редно време е да се престане со глумење лудило. 15 функционери ви се собраа со торта у сред министерство и правеа приватна прослава, со слики, со се - не реагиравте. Па овие барем на отворено биле, пример за овие пријателите ваши. Очекувам и Ахмети, Груби, Османи, Џафери, вака да ги апсите. Нели, законот е еднаков за сите. Ај да видиме“, стои во една објава на „Фејсбук“.

Критики и комични статуси има и од Божидар Божиновски, кој ја искоментира акцијата на МВР.

— реклама —

„Викни го Артан Груби на оган и ич не се секирај за казна“, напиша Божиновски, а потоа додаде: ‘Приведени 10 души во село Орман за непочитување на мерките за справување со Ковид – 19’ Сигурно се овие од роденденот на Али. Уште 5 се во бегство ама кај ќе одат, кој му избегал на Оливер! Свака част“.

Инаку, МВР уште истражува дали фунционерите на ДУИ кои славеа со торта, без маски во затворени простории, ги прекршиле протоколите за заштита од коронавирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања