Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Реакција: Казната од 7 години за Фета Алими докажува дека СРМ е далеку од демократијата и правдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

presuda-27-2

Иако во демократска земја не се коментираат одлуките на судот и пресудите, сепак, Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата. Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими кој е познат како единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на АА - Зиадин Села ноќта на 27 април, за нас како АА претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група, однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието врз пратениците и пред се физичката ликвидација на Зиадин Села, се вели во реакцијата. Во продолжение на истата пишува:

Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за предметот Тероризам и истиот да се поистовети со групата која тепаше   пратеници во Собранието на РСМ.

— реклама —

Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со кој што се обидува да се зачува етничкиот "баланс" кон останатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27-ми април.

— реклама —

Фета Алими денес требаше да биде награден од страна на државата, кој успеа да спаси човечки живот, и тоа на пратеник и лидер на народот како што е Зиадин Села ставајќи го во опасност сопствениот живот, а не да биде осуден на 7 години затвор и да се изедначи со оние кои што ги видовме на телевизиските екрани, како ги удираа со тврди предмети пратениците на кобната вечер од 27-ми април.

— реклама —

Изразуваме длабоко жалење за политичкото  и правното казнување со 7 години затвор на Абдулфета Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност, се вели во реакцијата .

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања