Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Реакција на Општина Охрид на соопштението од ВМРО- ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Откако четири години со прст не мрднаа за Охрид во безидејноста и немањето  визија за решавање на проблемите, од ВМРО- ДПМНЕ  се занимаваат со погрешна  математика.

— реклама —

Вкупниот долг на Општина Охрид  по сите основи  заклучно со 30. 09  2017 година изнесуваше 1 616 000 000 денари од кои што во текот на 2017- 2018  година од сопствен буџет  се исплатени 100 000 000   денари. Со процесот на  раздолжување  беа исплатени 500 000 000 денари  , 260 000 000 остварени заштеди  со намалување камати од страна на доверители,  за 192 000 000  денари се склучени спогодби  кои тековно се сервисираат  од сопствен буџет.

— реклама —

На сите склучени спогодби  од 30.09 2018 година не течат камати, не се исплаќаат извршители . Долг којшто не е под спогодби , односно има сопствени налози за извршување  е во износ од 134 000 000 денари. Овој долг   заедно со каматите ќе биде предмет на следниот повик за раздолжување и финално деблокирање на општината. Според математиката  на ДПМНЕ излегува дека вратиле долг од 800 000 000 денари, во превод тоа се два годишни буџети на Општина Охрид , што е едноставно невозможно. А , во буџетот за општината  за период од четири години издвоиле 100 000 000 денари. Кој лаже???

— реклама —

 

— реклама —

Со почит

Одделение за односи со Јавност- Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања