„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Реакција на ВМРО ДПМНЕ: Стево Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Стево Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен. Пендаровски знае дека не поминува кај граѓаните и дека е само жртвено јагне на Зоран Заев и СДСМ.

— реклама —

Денес не бираа делегатите на СДСМ, денес само кренаа рака по нарачка на Заев и Али Ахмети. Зоран Заев денес на деспотски начин со претходно наметнат кандидат за претседател од меѓупартиски договор фингираше изборна конвенција, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение додаваат: СДСМ невешто одглуми демократија, а всушност на најдеспотски начин им беше ставен на тацна Стево Пендаровски. Кандидатот за претседател на државата од СДСМ е само бледа копија на Заев - слеп послушник кој работи на штета на Република Македонија.

— реклама —

Глас за Пендаровски е глас за Заев, глас за нови кршења на Уставот и девалвирање на државноста.

Граѓаните видоа што направи со Република Македонија еден Заев, дополнително полошо ќе биде со двајца политичари од ист калибар. Зоран Заев две години ја држи Република Македонија под длабок мраз, со заробено судство, економија која тоне, загадена животна средина, девалвиран образовен и здравствен систем, нарушена безбедност и најлошо од се, безперспективност.

Власта две години нанесе само порази. Државата не смее да тоне, државата мора да оди напред. СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски мора да изгубат за Македонија да тргне напред, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања