Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Реакција од синовите на Мијалкови за нападот врз 19-годишното момче: Никого не сме нападнале, и не бевме приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mijalkov-2

Синовите на браќата Сашо и Владо Мијалкови се огласија по пишувањата во медиумите дека биле уапсени поради тепачка во скопски бар. Велат дека тие двоеле две групи кои се степале меѓусебно. Во дописот кој го испратија се вели:

— реклама —

Заради точно информирање на јавноста би сакале да ги демантираме сите невистини дека наводно сме претепале момче и дека заради тоа сме биле приведени. Свесни сме дека презимето кое го носиме предизвикува внимание во медиумите и јавноста, но тоа не ја намалува обврската за професионално известување и пренесување на двете страни пред да се изведе заклучок дека некој некого претепал или “бил уапсен”.

Во петокот вечерта со неколкумина пријатели бевме излезени во кафуле во Дебар Маало. Околу 20.45 часот еден од пријателите од нашето друштво имаше расправија со девојката, после која беше нападнат од неколкумина нејзини другари. Еден од нив, кој делуваше дека е под дејство на алкохол, извади и боксирач и удираше со него. Ние двајцата ги двоевме двете групи и се обидувавме да ја смириме ситуацијата за да не ескалира. Откако момчињата од двете групи излегоа надвор, лицето кое имаше боксирач продолжи да напаѓа, а ние се трудевме да спречиме некој да биде повреден.

— реклама —

На жалост нашиот пријател се здоби со три расекотини на главата од боксирачот на тоа момче.Подоцна разбравме дека токму напаѓачот е тоа 19 годишно момче кој го пријавил настанот. После случката заминавме дома, нашиот пријател побара медицинска помош. Вчера не бевме приведени, туку бевме повикани од полицијата за да дадеме исказ во врска со настанот и веднаш постапивме по поканата и кажавме што и како се случи. За жал, еден од нашите пријатели и во текот на вчерашниот ден продолжи да добива закани на мобилниот телефон.

Исто така во текот на вчерашниот ден, Филип беше нападнат од истата група на момчиња кои што со шипки и пендраци удираа по колата во која што седеше. Во полиција е пријавен и насилен напад врз Филип при што беше оштетено возилото во кое се наоѓаше. Се надеваме дека полицијата ќе го расчисти случајот, а со тоа ќе запрат и дезинформациите во јавноста. Би Ви биле благодарни доколку ја објавите нашата реакција за граѓаните да може да добијат целосна слика за случката.

Со почит, Александар Мијалков Филип Мијалков

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања