Промени тема
Контакт

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не се огради од Заев, ДУИ и партиските афери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryr9rbdo8qarrgaGvPbRW

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на говорот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој одржал „празен отчет“ пред партискиот Конгрес, без да се огради од, како што велат, криминалите поврзани со СДС и неговото поранешно раководство.

Од партијата посочуваат дека Филипче не дал одговор зошто СДС е петта политичка сила во Скопје и трета на национално ниво, ниту, пак, се оградил од својот политички ментор Зоран Заев. Во реакцијата се наведува дека Филипче го штити, како што тврдат, „криминалот на кланот Дубаи“, во кој, според ВМРО-ДПМНЕ, и самиот има улога.

— реклама —

Партијата обвинува дека не се објаснети политиките на СДС кон Бугарија и Грција, вклучително и прифаќањето на францускиот предлог и договорите што, според нив, биле штетни за државата. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто СДС, како што наведуваат, влегол во конфронтација со Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство.

Во реакцијата се споменува и Андреј Жерновски, за кого велат дека јавно застапувал бугарски наративи, како и наводната зависност на СДС од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Филипче не се оградил ниту од Артан Груби и случајот со Лотарија, ниту од Васко Ковачевски и аферата „Адитив“, за која се наведува штета од 6,5 милиони евра.

— реклама —

Дополнително, се поставуваат прашања за наводните тендери и за користењето на службено луксузно возило, како и за врските со лица поврзани со снабдувањето на ЕСМ со јаглен. Во реакцијата се споменува и Зоран Верушевски, од чие, како што велат, „антидржавно однесување“ Филипче не се оградил.

— реклама —

„Заклучокот е дека за ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија и нејзините интереси“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања