Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Криминалниот картел на власт предизвика катастрофа во економијата. Тие за две изминати години имаат просечен раст на БДП од 2,05%, убедливо најнизок во регионот и Европа. Македонија со овој криминален картел на власт забележи пад од 37 места на Форбс листата за водење бизнис, а на листата за перцепција на корупција сме на 93 место зад Руанда, Намибија и Свазиленд. За владата очигледно е одлично тоа што 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се покачуваат даноците и акцизите, цените растат, а стандардот на граѓаните опаѓа, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Заради неспособноста на оваа влада за две години јавниот долг е пораснат над психолошката граница од 5 милијарди евра или над 50% од БПД, односно секое просечно семејство е задолжено за нови 1000 евра долг поради оваа власт.

Од друга страна најголемиот буџет во историјата на Македонија наместо за капитални инвестиции, училишта, градинки, патишта , болници се троши за покривања непотистички вработувања на мајки, синови, ќерки, золви, снаи, зетовци и други блиски роднини во администрацијата за натпросечни плати. Ова е “Мира Дизел моделот“ за покачување на плати и намалување на невработеноста кој што единствено знае оваа власт да го прави.

— реклама —

Крахот на економијата поради погрешните и штетни политики на оваа власт е очигледен. Неуспесите може да престанат само ако оваа власт падне на избори. Почетокот на падот и демонтажата на власта почнува со Претседателските избори кога граѓаните јасно ќе ги казнат за нивниот криминал и корупција, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања