Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Наместо да ја манипулираат и замајуваат јавноста време е СДСМ за понесат одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

СДСМ се обидуваат да ја замајуваат јавноста со лаги и манипулации со цел да се оттргне вниманието од бесрамниот непотизам кој што се случува кај врхушката на СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Секој ден јавноста дознава за нови случаи кад што функционери од власта си ги вработуваат мајки, сестри, браќа и други роднини во државни институции управи, за големи хонорари повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.

— реклама —

Како е возможно токму овие роднини на функционерите во услови кога има толку голем број на невработени особено млади да бидат или единствени кандидати или најдобри кандидати за тоа работно место.

СДСМ наместо да ја убедува јавноста дека изминативе две години ВМРО- ДПМНЕ е на власт, треба да побара оставка не само од вработените преку непотизам, туку и од нивните функционери кои влијаеле за тоа работно место.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ не ги вработи синот на Мира Дизел, сестрата на Асаф Адеми, ќерката на Талат Џафери, синовите на Грчев и Фрчкоски, а ниту блиските на градоначалниците на Прилеп, Берово, Неготино и уште стотици такви примери.

Наместо да ја манипулираат и замајуваат јавноста време е СДСМ за понесат одговорност за непотизмот кој што се шири како епидемија во нивните редови, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања