Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Реализирани 12 нови проекти во Југозападниот плански регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_0721

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во општините Охрид и Дебрца присуствуваше на промоцијата на проектите кои што се реализирани со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството, наменети за развој на Југозападниот плански регион.

— реклама —

— реклама —

Со средствата од буџетот за 2018 година во општина Дебрца, н.м. Волино, е изведена целосна реконструкција и енергетска ефикасаност на јавен објект за потребите на месното население, а во Охрид е обезбедена енергетска ефикасност на детската градинака Развигорче и е ревитализирана пешачката патека во Стариот град.

— реклама —

„Владата останува доследна на своето ветување за континуирано зголемување на буџетските средства за корисни проекти во планските региони, во селата и во подрачјата со специфични развојни потреби. Во однос на 2017 година, средствата за 2019-та се зголемени за 100 насто. Ваквата тенденција ќе продолжи и во наредните години. Покрај градење на демократски вредности, развојот е приоритет, во функција на задоволување на реалните потреби на граѓаните“, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Фазлиу истакна дека со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа оваа година се реализирани 12 проекти во Југозападниот плански регион во вкупна вредност од околу 38 милиони денари.

„Како што гледаме, станува збор за инфраструктурни проекти, многу корисни за граѓаните. Главно проектите се насочени кон подобрување на енергетската ефикасност и реконструкција на јавни објекти, како што се училишта и детски градинки, локална патна инфраструктура или техничка документација. За следната година во буџетот се планирани плус 50 насто средства, или, за проекти за рамномерен регионален развој во осумте плански региони нови 7 милиони евра“, рече министерот Фазлиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања