„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Реалноста на Скопје, од надвор свети, од внатре жално и бедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
48365212_10218732384290040_6010095445513076736_n

Една слика,  илјада зборови. Ова  е реалноста која владее во Скопје. Од едната страна се лицата кои питачат, а од другата луксуз и украси во вредност од 13 милиони денари.

— реклама —

Граѓаните велат дека украсувањето не е начин на славење. Нова Година треба да се слави со честитки, а не со украси, велат тие. Други пак велат дека приоритет е животот и безбедноста на бездомните деца, а дури потоа едномесечното задоволство од елката и светилките што ги „заслепуваат“ сиромашните граѓани. Парите што се фрлаат за украси, требаше да се инвестираат против заградувањето на воздухот и инфраструктурата или да им се помогне на социјално загрозените категории, велат граѓаните.

„Ова е ништо, три четири дена, една недела и завршува. Ќе беше многу подобро да се донираа во хуманитарни цели“, изјави граѓанин.

— реклама —

Неколку граѓани бараат дури и повеќе, тие не се задоволни со украсувањето на градот.

260 илјади евра потроши град Скопје за украсување на градот за новогодишните празници. Според договорот за украсување, се предвидува во центарот на Скопје елка од 20 метра, како и украсување на 20 улици, булевари и други јавни површини. Меѓу овие точки на договорот, се спомнува и плоштадот Филип Втори. Според договорот, на фонтаните пред црквата св.Димитрија требаше да се постават светилки во форма на елка. Но, продавачите што се секојдневно тука велат дека овој плоштад  воопшто не е украсен.

„Овој дел од градот, нема украси, мислам овој дел преку мостот не е украсен. Светилките исто така не работат навечер“, изјави продавач.

Украси нема ниту во паркот „Жена Борец“. Според договорот, на бандерите требаше да има светкави топки и на борчињата и грмушките да има светкави мрежи. Првата фаза од договорот опфаќа украсување на одредени места, а рокот беше до 5 декември. Втората фаза од договорот опфаќа отстранување на поставените украси и декорации до 25.01.2019.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања