Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Ребалансот е признание за целосниот дебакл на економските политики на Мицкоски“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот претставува признание за, како што рече, неуспешните економски политики на Владата и најавува потежок период за граѓаните.

— реклама —

На денешната прес-конференција тој изјави дека наместо подобрување на економските показатели, ребалансот предвидува зголемување на буџетскиот дефицит и ново задолжување.

„Ребалансот на буџетот е практично признание за целокупниот дебакл на економските политики на премиерот Мицкоски. Наместо подобрување на животниот стандард, граѓаните ги очекува уште потежок период“, рече Филипче.

— реклама —

Тој посочи дека Владата ги намалила проекциите за економски раст од 3,8 на 3,5 проценти, додека, според него, инфлацијата достигнала 4,5 проценти, наместо првично планираните 2,5 проценти.

— реклама —

Филипче истакна дека со ребалансот буџетскиот дефицит се зголемува од 39,2 на 46,3 милијарди денари, односно на 4,1 процент од БДП, што, според него, ќе значи дополнително задолжување на државата.

Тој наведе дека јавниот долг достигнал 11 милијарди евра и, како што рече, за две години е зголемен за 2,5 милијарди евра, без тие средства да бидат вложени во капитални и развојни проекти.

— реклама —

Според Филипче, најголем проблем е што новите задолжувања не се користат за инвестиции, туку за покривање на тековните расходи, што, според него, е последица на лошо планирање и управување со јавните финансии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 2 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања