Промени тема
Контакт

Ребалансот на Буџетот е важен за да продолжи помошта кон граѓаните и стопанството, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Комисијата за финансирање и буџет не одржува седница на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, вели СДСМ

„Причина за тоа е отсуството на претседалот на оваа комисија, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој деновиве е во посета на Египет.

— реклама —

Наместо интересите на граѓаните, наместо побрзо усвојување на ребалансот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ одбра шетање во Египет.

Толку од грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, оваа партија уште еднаш покажа дека единствено се грижи за лични и партиски интереси.

— реклама —

Ребалансот на Буџетот е важен за да продолжи помошта кон граѓаните и стопанството, важен за растот на платите и пензиите, но и за повеќе инвестиции во капитални проекти.

— реклама —

Тој треба да биде усвоен што побрзо, за што побрзо парите да стигнат кај граѓаните, но тоа очигледно воопшто не му е важно на Стојановски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања