Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
6-2

Дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2019 година, што минатата недела помина во Владата, е доставен во Собранието и е на дневен ред на денешната седница како последна точка според објавениот дневен ред.

Дополнетиот предлог ги содржи деветте амандманите што беа прифатени расправата по Предлог ребалансот во собраниската матична Комисијата за финансирање и буџет, а кои главно опфаќаат реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции. Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

— реклама —

Како што соопштија од Владата, со прифатените измени се обезбедуваат средства за непречено функционирање на Агенција за национална безбедност во износ од 99 милиони денари, обезбедување дополнителни средства во износ од 560 милиони денари како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста африканска чума кај свињите, средства за колекторски систем за заштита на Охридското Езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО. Обезбедени се дополнителни 244 милиони денари за правосудниот систем, за поврат на дел од ДДВ  300 милиони денари. За мерката субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во износ од 400 милиони денари, а 815 милиони денари за пензиските друштва од вториот пензиски столб.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања