Промени тема
Контакт

Ребалансот носи повисоки плати и пензии, тврди Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
darko-kaevski

„Владата предводена од СДСМ го утврди ребалансот на буџетот за 2022 година. Со ребалансот сериозно се кратат средства за непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, пари кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додава:

„Она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.

Ова е одговорен, домаќински чекор во време кога целиот свет се соочува со недостиг на храна и енергенси.

— реклама —

Заштитата и унапредувањето на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.

И во време на светска економска криза успеавме минималната плата да ја зголемиме на 18.000 денари.

Со Синдикатот се постигна договор за рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, а следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата.

— реклама —

Договорена е и нова методологија за постојан и одржлив раст на пензиите, а следното покачување ќе се реализира во септември оваа година.

Просечната плата денес изнесува 31.080 денари што е реализација на клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра.

— реклама —

Сето ова почитувани е показател дека македонската економија е стабилна и конкурентна и подготвена да се носи со сите предизвици.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард и во време на светска економска криза, обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори“, вели СДСМ

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните идиоти

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ со остри обвинувања до Мицкоски: „Баш арамија!“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања