Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

Вкупно 871 прекршок направиле возачите на електрични тротинети во текот на септември годинава, при засилените сообраќајни контроли што ги спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава.

— реклама —

Според податоците на МВР, најчест прекршок е некористењето заштитен шлем, односно кацига, за што биле евидентирани 377 случаи.

— реклама —

Најмногу прекршоци биле регистрирани на подрачјето на СВР Битола, каде што биле констатирани 290. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата евидентирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125, а СВР Струмица 113. Останатите случаи биле регистрирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи.

Во рамки на акциските контроли биле евидентирани и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Дополнително, полицијата констатирала и 5.362 прекршоци направени од други учесници во сообраќајот. За сите утврдени прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека ќе продолжат со засилените сообраќајни контроли и апелираат до возачите на електрични тротинети задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да се движат по површините наменети за нивно безбедно учество во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 6 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 7 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања