Жители на скопската населба Припор преку групата „Кисела Вода – Пријави проблем“ реагираат дека дел од улицата „Христо Татарчев“ со месеци е раскопан поради интервенција на водоводната мрежа, а состојбата сè уште не е санирана.
Според нивната објава, проблемот на адресата „Христо Татарчев“ 248 трае речиси една година. Тие велат дека случајот бил пријавуван до месната заедница, Општина Кисела Вода и „Водовод и канализација“, но досега, како што наведуваат, нема преземено мерки за уредување на улицата.
„Низ овие дупки поминуваме за да влеземе во нашата улица“, велат жителите, апелирајќи надлежните институции да реагираат и да го решат проблемот.