Реџепи во пораката за Курбан Бајрам: Криминалот и корупцијата предизвикуваат незадоволство кај обичниот човек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kurban-bajram

Муслиманските верници утре го прославуваат празникот курбан Бајрам.

— реклама —

Поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Реџепи дееск упати порака по повод муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам. Во пораката, покрај честитките и апелот за толеранција, Реџепи се осврнува и на актуелната состојба во државата, за која вели дека предизвикува незадоволство кај обичниот човек, но најмногу се одразува на оние кои се во најтешка економска состојба.

— реклама —

-Денес е Курбан Бајрам, ден кој што ги соединува аџилакот како петиот столб на Исламот и курбанот што ја симболизира подготвеноста на секој муслиман да го докаже своето убедување дека Алах е Еден и дека Тој е Единствениот Господар на сите светови. Истовремено, овој празник е израз на љубовта и почитувањето меѓу верниците, чувства што во моментов ги делат со милиони луѓе и нашите аџии од Македонија кои што се наоѓаат на аџилак. Таму се голем број наши родители, браќа и сетри, ќерки и синови и сите ние желно го очекуваме нивното враќање дома. Но, драги верници, во овие мигови кога сите ние најискрено се посветуваме на Алах преку нашите молитви, една сенка паѓа на нашето задоволство и на нашите нај благородни чувства.

— реклама —

Сите ние сме искрено загрижени поради политичките нејаснотии што директно влијаат на нашите животи, криминалот и корупцијата предизвикуваат незадоволство кај обичниот човек, а истовремено сме соочени со лошата економска ситуација која што генерира сиромаштија од која се најзасегнати токму тие што се во најтешка положба. Сето тоа пак ги тера нашите млади да ја напуштаат земјата во бранови барајќи надеж и утеха надвор од своите огништа. Се плашам, браќа и сестри, дека во скора иднина нашите бајрами ќе ги славиме со многу мал број наши синови и ќерки. И токму затоа, несакајќи никако да го нарушам нашето бајрамско расположение, се обраќам и апелирам до нашите политички чинители, да подразмислат сериозно и да рефлектираат во врска со наведените проблеми, се вели во пораката од поглаварот на ИВЗ, по повод Курбан Бајрам, што до верниците ја пренесе Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки во Скопје.

 

zQBZr8nAeHs

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања