Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи се огласи во јавност со соопштение, во кое се повлекува од фукцијата и вели дека е подготвен да одговара пред Бога и пред законот, ако некој смета дека направил пропусти.
Реџепи во писмото наведува дека врз него изминативе денови се водела жестока и навредлива кампања, и дека е време тој да го каже својот став.
„Како верски водач и човек длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања но во ниту еден момент не го оспорив правото на било кој да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека Единствениот и Конечен Судија за делата за секој човек е и ќе биде секогаш единствено семоќниот Алах”, наведува Реџепи во соопштенето.
Во продолжение целото соопштение.
