Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 13 часот, на улицата Гоце Делчев во Гостивар, го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е. Б..
Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2.800 клиенти, кои плаќале по 100 евра годишно.
Во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутера, два рисивера и три мобилни телефони.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе му бидат изготвени соодветни пријави.
