Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
6

Иницијативата за референдум е најновата измама на Христијан Мицкоски кон граѓаните, вели СДСМ

— реклама —

„Референдумот на Мицкоски е против интеграција во ЕУ против македонскиот јазик и македонскиот идентитет и исклучиво за негови сопствени цели.

Мицкоски е докажан анти ЕУ политичар кој прави се да ја оддалечи државата од евроинтегративниот процес.

— реклама —

Цела година тој зборува за избори, за ново парламенарно мнозинство, со месеци лажеше за наводна асимилација и бугаризација, а сега откако пропаднаа сите негови лаги, се обидува одново да ја измами јавноста.

— реклама —

Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец.

Оваа негова иницијатива е осудена на пропаст, тој веќе нема поддршка ниту во својата партија.

— реклама —

Граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи нормалното функционирање на државата, нема да дозволат државата да се оддалечи од европскиот пат, само затоа што тој сака да ја спаси фотелјата во белиот дворец дури и по цена на државните интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања