Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Референдумот на Мицкоски е против македонски јазик во ЕУ и на штета на идентитетот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Иницијативата за референдум на Христијан Мицкоски е против македонскиот јазик, прави штета на идентитетот, насочена е директно против евроинтеграцијата на државата, вели СДСМ

— реклама —

„Сите официјални институции на Унијата потврдија дека процесот на преговори за членство го водиме како Македонци со заштитен македонски идентитет, со чиста формулација на македонскиот јазик.

Но, Мицкоски по секоја цена дејствува антиевропски и на штета на државните и националните интереси, без било какво чувство за државност, своите политики ги води според личните потреби и интереси.

— реклама —

Мицкоски со референдумот има за цел да си ја спаси разнишаната фотелја во Белиот дворец, бидејќи и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ не се сложуваат со него.

— реклама —

Со иницијативата за референдум, со активните и пасивните блокади Мицкоски сака да го попречи нормалното функционирање на државата, во време на економска и енергетска криза, работи на штета на граѓаните и на компаниите.

Но граѓаните го прочитаа, доста им е од деструктивните и ретроградните политики на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, што јасно им го порачаа на вонредните локалните избори.

— реклама —

Мицкоски останува изолиран, а неговите деструкции повторно ќе бидат поразени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања