Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Референдумска тепачка: едни се „за“ другите бунтуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-mickoski-telefon

Референдумот е можност да се чуе народот, ги повикуваме власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово.

— реклама —

„Ако власта верува дека концептот за бугаризација и асимилација кој го турка е исправен, тогаш зошто има проблем да излезе на референдум и да го промовира тоа? Зошто се плаши власта да му даде можност на народот да одлучи?“, прашаа од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го оцени потегот на претседателот Стево Пендаровски да го поддржи референдумот како добар почеток, и се надеваат дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта.

— реклама —

Доколку тие одлучат да не го поддржат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт.

„Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува“, се додава во партиската објава.

На истата тема утрово се огласи и владејачкиот СДСМ од каде што порачаа дека референдум против македонски јазик во ЕУ не може да успее. Според нив, референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, откако му пропаднале сите обиди преку насилство, блокади и крвави сценарија да ја закочи и дестабилизира државата.

„Референдумот на Мицкоски против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, нема да успее, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на антиевропската ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Мицкоски е осамен и изолиран со единствена поддршка од неговиот партнер Димитар Апасиев со кого заедно одбработуваат за туѓи интереси.

„Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија. Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“, додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања