Референт за сеча во ЈП Национални шуми заработи кривична, еве зошто ...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
drva-1

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.М.(59) од с.Смоларе, општина Ново Село, вработен како референт за сеча во ЈП Национални шуми - Подружница Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

— реклама —

На 15.07.2019 полициски службеници во с.Двориште - Берово во дворното место на О.М. и Ј.М. пронашле нежигосана бесправно исечена дрвна маса, при што констатирале прекршок по Законот за шуми. Во моментот додека ги изготвувале документите, дошол пријавениот и, незабележувајќи дека во близина се полициските службеници, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во дворното место каде биле наредени нежигосаните дрва со  службениот алат ги жигосал.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања