Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Регистрирани 10 пожари на отворено, активен е еден во Арачиново

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryqd7jjnhb7t3saERRVJz
Илустрација

До 18:00 часот на 20 јуни на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, а девет се целосно изгаснати.

— реклама —

Според информациите од надлежните служби, активен е пожарот во Општина Арачиново, каде што гори ѓубре и ниска вегетација.

Во текот на денот се изгаснати девет пожари на различни локации низ државата. Меѓу нив е пожарот кај селото Грчец во Општина Сарај, каде што горела ниска вегетација, како и пожарот во Визбегово во Општина Бутел, каде што биле зафатени дива депонија и ниска вегетација.

— реклама —

Изгаснати се и пожарите кај селото Волковија во Општина Брвеница, на месноста „9-ти километар“ во близина на експресниот пат Штип – Радовиш, како и кај селото Тркање во Општина Кочани.

— реклама —

Пожарникарите успешно интервенирале и кај селото Бучим во Општина Радовиш, кај селото Теповци во Општина Новаци, како и кај селото Пчиња во Општина Куманово, каде што покрај ниска вегетација горело и жито.

Изгаснат е и пожарот во Липковско Поле, на потегот меѓу селата Отла и Оризаре во Општина Липково, каде што биле зафатени ниска вегетација и житни посеви.

— реклама —

Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и апелираат до граѓаните внимателно да се однесуваат на отворен простор со цел да се спречат нови пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања