Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
pozar-1

До 16:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, додека осум се целосно изгаснати.

— реклама —

Според информациите од надлежните служби, активен е пожарот во Општина Сарај, помеѓу селата Грчец и Шишево, каде што гори ниска вегетација и мешана шума. Активен е и пожарот во Општина Радовиш, во селото Калаузлија, каде што гори старо дрво.

— реклама —

Во текот на денот целосно се изгаснати осум пожари. Интервенции имало во Општина Шуто Оризари, на улицата „Индира Ганди“ зад хотелот „Њу Стар“, каде што горела ниска вегетација, како и во Општина Карпош, кај Железничкиот мост кон Злокуќани.

Изгаснати се и пожарите во селото Огњанци во Општина Петровец, во селото Премка и на улицата „Методија Стефаноски“ во Кичево, како и во кумановската месност „Пармакови Ниви“.

— реклама —

Пожарникарите успешно интервенирале и кај селото Црвени Брегови во Општина Неготино и во селото Дорфулија во Општина Лозово, каде што гореле стрништа, трева и нискостеблеста вегетација.

— реклама —

Надлежните институции и понатаму апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење и активности на отворен простор, со цел да се спречи појава на нови пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања