Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Регистрирани 13 пожари на отворено, седум се изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library9djm2ng29eandFoxdyt
Фото: Илустрација

До 18 часот денес на територијата на државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а седум се целосно изгаснати.

— реклама —

Според надлежните служби, активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Баново Трло гори ѓубре, а на улицата „Ѓуро Пучар – Стари“ е зафатена ниска вегетација. Активен пожар е регистриран и во скопската населба Сингелиќ, во Општина Гази Баба, каде што гори ниска вегетација и ѓубре.

— реклама —

Пожарникарите интервенираат и во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде што огнот зафатил ѓубре и ниска вегетација, како и во селото Градошорци, во Општина Василево, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот на депонија во селото Железница, во Општина Кратово.

— реклама —

Во текот на денот целосно се изгаснати седум пожари. Меѓу нив се пожарите во селото Арачиново, кај Старо Балдовци во Струмица, на две локации во реонот на Негорци во Општина Гевгелија, како и пожарите во близина на црквата „Свети Спас“ и на потегот Раштани – Бузалково во Велес. Изгаснат е и пожарот во селото Нараште, во Општина Теарце.

— реклама —

Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и апелираат до граѓаните внимателно да се однесуваат на отворен простор со цел да се спречи појава на нови пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања